На снимка од собраниските камери која во моментот се презентира во Кривичниот суд на рочиштето за “27 април”, се гледа кој се влегол во кабинетот на Трајко Вељаноски, пренесува Фокус.
Кога толпата веќе е навлезена во Собранието, пред кабинетот на претседавачот Вељановски е многу раздвижено. Најпрвин се гледа како собраниското обезбедување постојано влегува и излегува од кабинетот, а со нив и обвинетата Елена Божиновска, вработена во Собранието. Божиновска во еден момент трча и ги крева рацете, а обвинителката опиша дека скокала од радост. По неколку нејзини влегувања и излегувања, кон кабинетот со фантомка на главата која ја трга пред да влезе се упатува Никола Митревски -Кољо, а со него одат и од собраниското обезбедување. Потоа доаѓа голема група, која брзо се враќа назад. По Кољо во кабинетот влегуваат уште неколку сега обвинети за “27 април”.
По неколку минути задржување Кољо излегува од кабинетот со фантомка на главата и тргнува кон скалите.
Според досегашните иформации објавени во медиумите, Вељановски за време на упадот бил засолнет во неговиот кабинет.