Магазин

Глувци и стаорци ја окупирале палатата на кралицата, таа привремено се исели од дворот

Кралицата Елизабета одлучи да ја напушти Бакингемската палата. Таа ги спакува ковчезите и привремено се исели од дворот, а на помош ѝ дојдоа експерти, кои се обидуваат да го решат ширењето на глодачите. Инвазијата на глувци и стаорци ја принуди кралицата на привремено бегство, пишува британски „Сан“.

Откога кујнскиот персонал се пожали на појавата на глодачи во кујната, беа повикани службите за дератизација и дезинфекција за да почнат со решавање на сериозниот проблем со поставување силни отрови.

Сепак, извор близок до кралското семејство за овие медиуми изјави дека персоналот е навикнат да гледа мали кафеави глувци во палатата и дека овој проблем ќе биде тешко да се реши.

Портпаролите на Агенцијата за контрола на штетници признаа дека глодачите станале имуни на отровите што ги користат во такви случаи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток