Свет

ФОТО: Калуѓерки одгледуваат марихуана во Калифорнија

Откако минатата недела во Канада почна слободната продажба на марихуана, светските медиуми не престануваат да пишуваат за овој настан.

Сè поголем е бројот на оние што ја поддржуваат одлуката на канадските власти, а тука се и калуѓерките од Калифорнија.

Тие себеси се нарекуваат сестри од долината и сметаат дека марихуаната е создадена со причина.

View this post on Instagram

#sistersofcbd #session

A post shared by Sisters of the Valley (@sistersofthevalley) on

Овие дами одгледуваат марихуана за медицински цели и прават производи што служат исклучиво како лек.

Тие не се од католичка вероисповед и не се поврзани со ниту една организирана религиозна група. Со цел да го подобрат одгледувањето на марихуаната со високи дози ЦБД, тие користат духовни ритуали, а лековите ги прават според Месечевите мени, древната традиција и слично.

Нивните производи може да се купат преку интернет, на страницата каде што се нуди и ЦБД-масло, мевлеми и тинктури за лекување голем број тегоби.

Овие производи ги користат и од луѓе заболени од рак, па масовно нарачуваат разни масла.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток