Скопје

„Гола месечина“ од 2 до 9 септември

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што секоја година се одвива во јуни, оваа година ќе се одржи од 2 до 9 септември 2019 година.

Овој традиционален фестивал, кој Општина Аеродром и „Театар Комедија“ годинава го организираат по шести пат, има цел да го збогати културниот живот во Општината и предизвикува сè поголем интерес кај граѓаните.

Фестивалот и годинава ќе се одржи во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот ќе биде бесплатен.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток