Македонија

Љупчо Николовски нема да користи апанажа

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека со заминувањето од функцијата министер за земјоделство, шумарство и вводостопанство, Љупчо Николовски, нема да ја искористи законската можност за користење на апанажа.

Оваа одлука на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните. Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер. Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село, се вели во соопштението од министерството.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток