Македонија

Викендов сончево и топло време со температури до 23 степени

За време на претстојниот викенд времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер, соопшти УХМР. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури.

Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.

Времето утре ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 20 степени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток