Со зголемен интензитет се чистат депониите на повеќе локации низ Општина Аеродром. Моментално екипите работат на расчистување на мини депонијата во близина на бул. „Февруарски поход“. Во наредниот период вакви акции ќе бидат преземени околу паркот „Бановина“, покрај Усјански канал, во близина на Воениот базен и во Мичурин околу Железничката станица.
Со тоа ја продолжуваме кампањата „Аеродром нека блеска! Чиста околина за секого!“ Со реорганизирана комунална служба, со дополнителна механизација и со зголемен број сезонски работници обезбедуваме почисти јавни површини на целата територија на Општината, велат од општина Аеродром.