Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство на Смилковско Езеро.
Предметот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица. Според вештачењата на крим-техниката од МВР, како што беше кажано на рочиштето на 19 октомври, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.
За петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.