Видео и Фото

(ВИДЕО) Најмалку 12 починати во поплавите во Русија

Големи поплави ја зафатија Русија. Брoјот на жртви од поплавите како што соопштија властите се искачил на 12.

Надлежните на владина седница соопштија дека се трага по исчезнати,153 лица се хоспитализирани во околните болници а вкупно повредени во поплавите досега се 751 лице, пренесуваат медиумите од регионот.

Виталиј Мутко, заменик на рускиот премиер кажа дека и понатаму се отсечени четири села од врнежите, но според него, имаат доволно основни намирници.

Поплавите погодија 55 градови и села а над 4.000 куќи се полавени.

Инаку, Претседателот Владимир Путин вчера ги посети настраданите подрачја.

На почеток