Македонија

Зимата сеуште не доаѓа

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоистоќен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од минус три до пет, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 20 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток