Кинеската полиција соопшти дека 14 деца се повредени во напад со нож во градинка во западниот град Чонгчинг. Нападот го извела 39-годишна жена идентификувана само како Лиу, се наведува во соопштението.
Нема информации за причините за нападот, ниту која е жената.
Во Кина изминатите години се забележани повеќе слични инциденти, за кои најчесто се обвинети ментално заболени или гневни лица.