Македонија

Двајца рудари повредени при ископ на руда во „Тораница“

Двајца рудари се повредени при ископ на руда во рудникот „Тораница“, соопшти МВР. Според информациите на полицијата, вчера околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка биле донесени лицата В.М.(41) од село Дурачка река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот „Тораница“.

В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка. Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда.

Од МВР информираат дека е извршен увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток