Македонија

Василевска: Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели

Зоран Заев денеска наместо да го повика на одговорност, го заштити Драги Рашковски. Заев денеска докажа дека Драги Рашковски работел по негови инструкции и за негови цели. Дека Зоран Заев е директно одговорен за сомнителниот тендер од 7 милиони евра за набавка на АТМ системот за потребите на М-НАВ кажа и самиот Драги Рашковски вчера, кој посочи дека настапувал по овластување токму на Зоран Заев, истакна истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Колега Драги Рашковски дали сте само извршител на Зоран Заев кој е лицето кај кого треба да легнат парите од 7 милионската аванта? Охрабрете се и не го штитете човекот кој бесрамно ја лаже македонската јавност со години наназад.

Зоран Заев – човекот што сака да се заборави криминалот со бишкарникот на Мирчо и митото од 200.000 евра нормално е да сака да се заборави и криминалот од 7 милиони евра.

Исто како и кај Заев, кој бараше евро по метар квадратен, така и за Рашковски постојат аудио снимки од кои се слуша „Leonardo will win the tender“. Што тука е неразбирливо, уште пред да се склучи договорот со Леонардо, се знаело кој ќе го добие овој тендер.

Јавното обвинителство треба само да испита, дали кажаното во снимката коинцидира со настаните кои следат потоа. Едноставно е. Оттука уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство да преземе мерки и да побара притвор, како за Рашковски, така и да го повика на разговори токму господинот Зоран Заев. Или пак не смее затоа што тие се луѓето на кои им реферираат, дали ВМРО-ДПМНЕ поднело или не некој поднесок.

За крај, едно обраќање до сите оние чесни членови на СДСМ и приврзаници на таканаречената „Шарена револуција“: – Навистина ги жалиме оние кои одеа месеци по улици и викаа „нема правда нема мир“, а сега мора да молчат и да не смеат да изустат ни збор за сомнеж за криминал вреден 7 милиони евра, кој го амнестира лично премиерот на државата, а нивен тогашен водач.

Времето на правдата ќе дојде. Правната држава мора да профункционира. Одговорност ќе има за сите,истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток