Град Скопје известува дека утре на 05.07.2019 година (петок) поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булевар АСНОМ во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим.
Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со булевар Васко Карангелевски, за сообраќај ќе се користи сервисната улица помеѓу Хотел Хилтон и Хотел Русија.
Во сабота на 06.07.2019 години во период од 07 до 18 часот поради градежни активности на булевар АСНОМ во близина на мостот Тодор Александров, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.
Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.