Македонија

Пронајдена неексплодирана граната

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во Битола при изведување градежни работи.

Според информациите на МВР, вчера во полициската станица-Битола, од страна на вработен пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било пријавено дека истиот ден во 13,30 часот од страна на вработен во фирмата „Гранит”, при изведување градежни работи во старата касарна во Битола била пронајдена стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Во 13,50 часот од страна на ДЗС гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток