Македонија

180 амандмани за ребалансот на Буџетот на ВМРО-ДПМНЕ

За предлогот на Владата за ребаланс на Буџетот за 2018 година денеска треба да расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе подготвиле 180 амандмани за ребалансот, а партиите на Албанците во Македонија најавија десетина амандмани.

Министерот за финансии предлага вкупните приходи во Буџетот да бидат 192,5 милијарди денари, на место првично планираните 193,5 милијарди денари, а вкупните расходи да бидат 210,5 милијарди денари место првично планираните 211,7 милијарди денари.

Со ребалансот Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување треба да добијат повеќе пари за да може непречено да се исплаќаат пензиите и за да можат граѓаните непречено да ги остваруваат правата на здравствена заштита и боледување, како и правото на надомест по основ на невработеност.

Процедурата за донесување на ребалансот на Буџетот треба да заврши за околу 20 дена.

„Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието до 15 ноември“, изјавија од Владата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток