Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, запрашан дали на состанокот на ЦО биле присутни „Кики“ и „Фрики“, двајцата функционери за кои новинарот Бранко Геровски пишуваше дека рекетирале со Боки 13 и Зоки Кичеец, одби да одговори конкретно, велејќи дека имало многу присутни, од пратеници до градоначалници во салата.
„ЦО на оваа политичка партија, е целосно растеретен од оние кои доаѓаат на преговарачка за одбрана на криминалот. Ние даваме поддршка за борба против корупцијата и криминалот“, рече Николовски.