Албанската полиција го уби Константинос Кацифас (35) откако тој со калашников отворил оган кон албански полицајци кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат , недалеку од границата со Грција, пренесоа албанските медиуми.
Инцидентот се случил во моментот кога жителите на Буларат, од кои повеќето грци , го одбележувале влегувањето на Грција во Втората Светска војна во 1940 година.
Кацифас, по потекло грк, бил роден во Буларат но од скоро живеел во Атина. Грчкото министерство за надворешни работи реагираше со соопштение во кое наведе дека е неприфатливо тоа што операцијата резултирала со загуба на човечки живот.