Четири лица од КПД „Шутка“ каде што денеска избувна пожар во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се пренесени на Клиниката за токсикологија каде се следи нивната состојба, пишува Курир.мк
Докторка Шпреса Хасани од Итната медицинска помош во изјава за МИА вели дека четирите лица побарале лекарска помош и оти од страна на лекар од КДП „Шутка“ е повикана Итната медицинска помош по што лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во гаснењето на пожарот интервенираа пет возила и 11 пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.