Скопје

Роденденска хуманитарна акција во Општина Карпош

Со голема хуманитарна акција Општина Карпош ја започна  неделата на поголеми активности за одбележување на роденденот на локалната самоуправа-3 Ноември. По тој повод, своја донација врачи и Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, кој ги повика и другите хумани хграѓани и општествено одговорни компании да се отповикаат и да се вклучат во акцијата:

-Граѓаните во изминатите денови имаа можност да донираат производи, облека и средства за хигиена во 14-те  урбании месни заедници, како и во самата Општина, а во донаторската акција, се вклучија и вработените во општинската администрација.

Денеска, со помош на Црвениот крст, Општинска организација – Карпош, која ни помогна да ја спроведеме акцијата, собравме поголема количина на донирани средства. Кон акцијата, како општествено одговорна компанија, ни се приклучија и маркетите „Тинекс“ со поголем придонес со повеќе пакети производи, изјави градоначалникот на Карпош, Богоев.

-Во наредните денови, најави тој, Одделението за детска и социјална заштита ќе ги комплетира хуманитарните пакети кои натаму ќе им бидат врачени на оние на кои им се најнеопходни, социјално најзагрозените граѓани, а дел од донациите ќе бидат доделени и на СОС Детското село во Бардовци, стационарот за бездомни лица во Момин Поток и Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.

Оваа година, за разлика од останатите, решивме  Денот на општината да го прославиме сосема поинаку, стриктно со работа, посветеност и преку конкретни акции, се разбира, со поддршка и вклучување на сите граѓани и општествено одговорни компании и организации и со тоа да ја одбележиме 42 годишнината од постоењето на Карпош, изјави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток