Магазин

(ВИДЕО) Французинот Френки Запата не успеа да го прелета Ла Манш со флајборд

Французинот Френки Запата, наречен летечки човек, утрово од француското место Сангат се обидел да прелета Ламанш на својата направа, летечката платформа, но паднал во морето на отприлика половина пат.

Тој ја промаши платформата за спуштање на бродот кога на половина пат се обиде да се спушти за да дополни гориво, рече член на неговиот технички тим, пренесува „Ројтерс“.

Запата планираше да лета 36 километри преку морето помеѓу Сангат во Франција и Довер во југоисточна Англија со брзина од 140 километри на час. Со овој подвиг, тој сакаше да го сруши сопствениот рекорд од патување долго 2.200 метри кое го изведе во 2016 година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток