Советот на Општина Охрид денес не ги изгласа предложените измени на дневниот ред со кој требаше од дневен ред да се симне точката за прифаќање на елаборатите за нанесени штети на платформите на рестораните и кафетериите во невремето, и не се согласија на дневен ред да се постави точка за доделување 1 милион денари за помош за лекување на Сара Настоска од Охрид – јави порталот „Охрид1“
Како што јавува порталот, Градоначалникот Јован Стојаноски појаснил дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.
Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано по оваа точка, а за гласаа само советници од етничките заедници.
ПОРТАЛОТ ОБЈАВИ И ВИДЕО ОД МОМЕНТОТ КОГА СОВЕТНИЦИТЕ ОБЕДИНЕТИ ГЛАСАА ПРОТИВ ТОЧКАТА ДА СЕ ДОДЕЛИ ПОМОШ НА САРА И ЗА ТОЧКАТА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ПОМОШ НА КАФАНИТЕ