Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчисти 3060 кубни метри отпад од диви депонии

На територијата на градот Скопје секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни површини од страна на граѓаните. Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека Претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во  Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.

„Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работат на расчистување на дивите депонии во сите скопски општини, а во периодот од октомври 2017 до октомври 2018 година,  биле во целост расчистени и подигнати  3060 кубни метри отпад во рамките на овие активности. Овие податоци претставуваат значително зголемување од дури 716% во однос на истиот период минатата година. Апелираме до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток