Скопје

Надзор над изведените работи улицата „Добри даскалов„ и улица „Ферид Мурад„

Во текот на претходните недели Општина Чаир започна со целосно асфалтирање на улицата „Добри даскалов„ во населба Стар Чаир со должина од 400 метри како и изградба на нов тротоар покрај асфалтираната улица со должина од 400м и ширина од 2м.

„На улицата „Ферид Мурад„ завршивме со изградба на тротоар покрај главната улица со поставување на 310 м² бекатонски плочки и 90 метри должина на странични плочки“, велат оттаму.

Денес Градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу изврши непосреден надзор над изведените работи заедно со раководителите на секторот за урбанизам во Општина Чаир. Целта на овие работи е создавање на безбедност во улиците за сите жители, а особено за учениците, чие движење долж оваа улица во минатото не беше сигурно.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток