Коментари

(ФОТО) Ристиќ: „Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот“

Актерката Ирена Ристиќ преку социјалната мрежа фејсбук сподели искуство за кое пишува: „Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот, покрај тремата и адреналините… Та, нели, другари сме и све си делиме“, пишува Рисиќ, на својот фејсбук профил.

Во продолжение таа додава:

„Покрај гадостиве на сликиве кои ни беа секојдневие дури бевме на проби у театарот у Охрид, редно е да се каже и тоа дека од фестивалот Охридско лето никој не дојде да не удостои со едно здраво, како сте, дан требит нешто, од театарот дојде само еден дечко кој фактички и не е вработен таму, а не се најде ниту јунак да им каже на околнитекафанџии дека песните од типот “отвори ми бело Ленче” и “пајдушкото” кои трештеа на сет глас, не се соодветни за припрема и одржување на тензијата на сцена… не се појави ниту селекторот на фестивалот.
Заменикот министер за култура, кој се појави на нашата премиера (оној кој со службено ауто помина на две полни линии, ви текнува) допушената цигара ја фрли на земја и ја изгаси со нога.

Инаку, да, премиерата на #NSFW во изведба на екипата на Драмски, помина фантастично, пред преполна сала и со стоечки овации“, напиша Ристиќ на ФБ.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157575915834726&set=pcb.10157575916649726&type=3&theater

 

На почеток