Македонија

(ВИДЕО) Каде ни е совеста? Огромни количини ѓубре во црни вреќи се фрлаат во Езеро

Охрид имаше среќа, но до кога?  На специјалната сесија на светската организација Унеско во Баку, Охрид не се најде на листата на загрозени подрачја. Но, според препораката УНЕСКО му даде рок на градот до февруари следната година да ги спроведе препораките а заштита на природните богатства.

Препораката од УНЕСКО е да се прогласи мораторим на сите видови урбани трансформации на брегот од Охридското езеро, како и сета урбанистичка трансформација на градот.

Но, што правиме еден месец подоцна. Ниту се уриваат дивоградби, ниту некој контролира што прават несовесните граѓани.

Имено, на социјлните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа како огромни количини смет во црни вреќи се  фрла во езерото кај  Грашница.

Погледнете го видеото.

На почеток