Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 12 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.
Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.