Согласно со програмата на Владата за капитални дотации во локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, на Град Скопје му се доделени 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала.
За потсетување, минатата година беше потпишано писмо со намери меѓу Град Скопје и Министерство за култура, со кое беше предвидено финансирањето за реконструкција да падне на товар на владата.