На социјалните мрежи објавен е статус на кој пишува дека за Илинден на прославата во Смилево од пејач било побарано да ја испее македонската химна , но без строфата каде што се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански. Еве го статусот во целост:
„Ова е Марко.
Му се јавиле од организациониот одбор на Марко, да ја испее химната по повод празникот Илинден на прославата во херојското село Смилево.
Меѓутоа, тука имало и едно дополнително барање.
Имено поради присуството на бугарска делегација на настанот, од Марко било побарано да не ја пее строфата каде што се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.
Тука за Марко завршил муабетот, им порачал да си побараат друг пеач, зашо тој такваа химна нема да пее.
Епа Марко..Епа Марко…
Абе дете Македончиште бе….
Алал да ми ти е тоа млеко што си го цицнал бе јунак.
Жив и здрав да си ми “, стои во објавата на социјалната мрежа фејсбук.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216294828220839&set=a.4875296477755&type=3&theater