Вчера ( 30 октомври ) во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес, најпрво во дом и помошни простории на 54-годишниот тетовец Н.И, лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, а потоа и во објект ( мала куќарка ) на улица „29 Ноември“, исто така, негова сопственост.
При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење.
Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија.
Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Во текот на денов ( 31 октомври ) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.