Ова е куќата во Загреб во која синоќа е извршено шесткратното убиство. 36 годишниот убиец Игор Наѓ од Вуковар во дворот прво ја ликвидирал својата бивша вереница Маја, а веднаш потоа нејзината мајка и сестра. Внатре во домот продолжил со масакрот. Со пиштол ги усмртил таткото и десетгодишниот син на својата партнерка, како и и уште едно машко лице. Убиецот имал милост само за своето дете, 4 месечното бебе кое го имал од врската со Маја. По неколку часови бегство, тој самиот си го одзел животот, во куќа 15 километри далеку од местото на злочинот.
Комшиите на убиеното смејство се изненадени од целиот случај, велат дека никогаш немало пријави за семејно насилство.
Сепак хрватските медими откриваат дека убиецот Игор Наг секогаш бил на работ на законот. Како избеглица од Вуковар, без родители, тој и брат му одвај составувале крај со крај. За да преживее станал таксист, а идната вереница ја запознал пред две години. Неговиот Фејсбук е преполн со фотографии од среќните денови со Маја и нејзинот син од претходната врска Паоло, момчето кое синока го убил. Полицијата се уште го испитува мотивот, но се шпекулира дека се работи за љубомора. Во неговото досие има само една пријава за нарушување на јавниот ред и мир.