Македонија

Богоев: Не сум му дал парцела на Боки 13

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста едиснтвено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави „Телма“.

-Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во Општината – вели Богоев за „Телма“.

На почеток