Некатегоризирани

Продолжува судењето за упадот во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.

Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски, кој на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток