Хрватската полиција уапси двајца странски државјани што слетале на аеродромот во Загреб со приватен авион, а при претрес на авионот полицијата открила повеќе килограми кокаин.
Обвинителството се сомнева дека од средината на септември до крајот на октомври во заедничка операција неколку странски државјани, чии идентитет и потекло не се соопштуваат, биле меѓусебно поврзани поради купување, транспортирање и шверц на кокаин во Хрватска, а организаторот на криминалната асоцијација имал намера да плати поголема количина разновидно огнено оружје и муниција во Хрватска“.
Осомничените, како што е наведено, кокаинот го набавиле во Африка и го криеле во авионот кој е во сопственост на една компанија, чија работа ја води првообвинетиот, објави Хина.