Свет

Уапсени 4 српски државјани за посредување при добивање бугарски пасош

Српската полиција уапси 4 лица под сеомнение дека биле дел од организирана група при посредување за добивање невистинити документи за бугарско потекло потребни да се добијат бугарски пасош, пишуваат бугарските медиуми.

Акцијата била спроведена на територија на неколку општини во Србија.

При акцијата се уапсени еден службеник во општина Пирот, лекар од Димитровград, уште еден жител на овој град и еден од Ќуприја.

Некои од уапсените посредувале за давање мито на лекарот и службеникот, кои пак обезбедувале лекарски уверенија и потврди за бугарско потекло.

Со лажните документи  барателите на бугарски пасош од Србија потоа се упатувале во Бугарија кадешто ги дополнувале своите досиеа со документи за бугарско потекло, за што дополнително плаќале одредени суми на пари.

Во Бугарија пред два дена беше откриена голема организрана група за фалсификувани документи, кои земале од 5.000- до 8.000 евра за бугарски пасош.

Уапсен е првиот човек на државната агенција за Бугарите во странство и уште неколку лица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток