Свет

Силен земјотрес го стресе Чиле

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.

Во градовите Арика и Икике уплашени луѓе излегоа на улиците, но нема информации за разурнување и евентуално човечки жртви.

Потресот е регистриран на длабочина од 97 километри со епицентар 88 километри североисточно од Икеке, соопшти Чилеанската агенција за вонредни состојби. Немало опасност од цунами.

Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен“ и е една од најсеизмичките земји во светот. Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени и цунами предизвикано од потресот загинаа над 525 лица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток