Македонија

Останале без дом, а ФЗО им пратил допис за лекување во странство на домашна адреса

Наше семејство кое престојува во САД се соочува со извршител за неплатена фактура за лекување на нивната ќерка во тамошна болница, бидејќи Фондот за здравство не ја платил. Од Фондот објаснуваат дека фактурата не е платена зошто нема целосна документација, додека пак од семејството велат дека не добиле известување дека треба да достават дополнителни документи, објави slobodenpecat.mk.

– Во однос на неплатена фактура за лекување во САД на осигуреното лице Е.Д. на 29.05.2018 испратен е допис до родителот во кое се информира детално дека сите барања за лекување во странство во висина од 238.500 долари се уплатени од страна на Фондот до странските болници согласно донесените решенија за лекување во странство. По секое болничко лекување во странство како и контролен преглед во странство осигуреното лице има обврска да поднесе писмен извештај со отпусно писмо, фактура и возни карти за извршениот превоз. За конкретната фактура во висина од 5.263,81 долари, осигуреното лице не ја поднело потребната документација, поради што Фондот нема законска можност да ги уплати средствата на сметка на странската клиника без претходно спроведена постапка, за што осигуреното лице е известено со допис од 29.05.2018 година – објаснуваат од ФЗО.

Ова семејството неколку години престојува во САД поради лекување на нивната ќерка, а непријатно се изненадило кога добило опомена од извршител, бидејќи Фондот за здравство не ги подмирил сите трошоци за лекувањето. ФЗО платил две операции, но останала непокриена една фактура од 5.263 долари.

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk

На почеток