Свет

Ердоган: Наредбата за убиство на Кашоги е од „врвот на саудиските власти“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека наредбата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги дошла од „врвот на саудиските власти“, но дека кралот Салман не е воопшто одговорен.

„Сакам да истакнам дека Турција и Саудиска Арабија одржуваат пријателски врски. Не верувам дека кралот Салман чувар на светските џамии наредил пукање во Кашоги, тврди Ердоган во напис објавен во Вашингтон пост.

„Знаеме дека извршителите на убиството се меѓу осумнаесет осомничени уапсени од Саудиска Арабија. Знаеме и дека тие луѓе дошле за да извршат наредба што ја добиле: да биде убиен Кашоги и да заминат. На крајот, знаеме дека наредбата за убиството на Кашоги дошла од врвот на саудиската власт, напиша турскиот претседател.

Кашоги беше убиен на 2октомври во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул каде дошол за административни формалности за венчавка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток