Пожар над населбата Пинтија. Гори сува трева и ниска деградирана шума, соопшти ЦУК. Како што информираат, на лице место на местото од пожарот се екипи од БППЗ. Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот гаснењето е отежнато.
Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.