Свет

Јапонски остров мистериозно исчезнал, a никој не забележал

Јапонскиот остров Есамбе Ханакита Коџима, кој е на оддалеченост од околу 500 метри од јапонскиот остров Хокаидо, исчезнал под вода, но никој не знае зошто или кога точно се случило тоа.

Се верува дека овој мал, ненаселен јапонски остров во Охотското море исчезнал поради посилни ветрови и бранови, но за таквите тврдења не постојат докази, а мештаните од селото кое е најблиско населено место до островот, а се наоѓа на врвот на Хокаидо, дури и не го забележaле неговото исчезнување, пишува „Гардијан“.

Како што пренесува британскиот весник, според меѓународното право, остров може да биде именуван само доколку е над нивото на водата, а овој остров последен пат бил измерен во 1987. година, кога било утврдено дека се наоѓа на 1,4 метри над површината на водата.

Тогаш експертите утврдиле дека островот исчезнувал под вода поради силните ветришта и мразот, кои се јавувале секоја зима во Охотското море. По ова официјално мерење, немало други понатамошни извештаи.

Жителите во близина на островот во септември биле предупредени за неговото можно исчезнување, откако писателот Хироши Шимицу ја посетил областа додека пишувал книга за загубените јапонски острови.

По ваквото известување, надлежните од локалната рибарска задруга испратиле чамци на локацијата каде што се наоѓал островот и тогаш откриле дека веќе го нема.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток