Кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ денеска ги објави комерцијалните предности на својот чип базиран на вештачка интелигенција (АИ), со кој ќе им конкурира на чиповите на водечките американски гиганти како „Куалком“ и „Енвидија“.
Со лансирањето на овој чип, „Хуаваеј“ настојува да го издржи континуираниот притисок од САД и да докаже дека сè уште може да произведе основни технолошки компоненти, оценува Си-ен-би-си.
Чипот, наречен „асценд 910“, прв пат во јавноста беше промовиран во октомври минатата година и е наменет за центрите за складирање податоци.
На компаниите што користат АИ-апликации им се потребни огромни количини податоци за паметни алгоритми, што може да трае со денови или недели.
Од „Хуавеј“ велат дека најновиот чип може да обработи повеќе податоци за пократко време во споредба со конкурентските чипови и да ѝ помогне мрежата да се ослободи од обработката на податоци за само неколку минути.