Ирена Танчева од Ново Село останува инвалид неподвижна со две деца, едното во бременост го губи , поради собраќајка во која таа и децата се жртви во момент кога ги носи во градинка, но и поради затворени операциони сали вечерта на 27 април лани кога се случи големиот инцидент во Собранието на Република Македонија. За нејзината приказна и секојдневие веќе dosie.mk пишуваше но и социјалните медиуми ја пренесоа нејзината судбина да биде жртва на несовесен возач кој со автомобил ги удира неа и децата.
Но еден скандалозен детал открива и друга страна на вистината.
Поради тешката состојба Ирена во коматозна состојаба со итна медицинска помош ја испраќаат на Клиниките во Скопје . Таа има скршени вратни пршлени. Но вратите на операционите сали се затворени и вечерта никој не се примал заради случувањата во Собрание и се давал приоритет само на претениците во случај да има тешко повредени.
Ирена е оперирана дури утредента. Поминува 21 ден во кома, 3 месеци во болница во Скопје два месеци во болница во Охрид. Денес е неподвижна и закована за кревет. Докторите и рекле дека ако била оперирана веднаш кога е донесена сега ќе беше на нозе. Бидејќи се чекало толку долго време за операција заради крварењето кое било во главата дошло до тешки последици.
Таа има 25 години е закована за кревет. Наместо таа да ги рани малите дечиња , тие ја ранат неа. Едното има 4 другото има шест години. Бидејќи некој мора да се грижи за неа сега е префлрена во домот на нејзините родители, но поради долгото користење катетер сега има нов проблем, а тоа е камења во бешика и ќе мора да се оперира во Скопје.
Ирена постојано е на својот ФБ профил. Тоа и е контактот со светот, но и со хуманите луѓе кои ги моли за помош. Мора да оди на операција во Русија но пари нема. Моли да и се помогне. Остана инвалид во сообраќајка, пратениците имаа предност во опериационата сала, сега е оставена сама со децата, но нејзината храброст е поголема од се и е решена да издржи до крај се заради децата.
За помош на Ирена отворени се телефони и сметки
telekom 070143115
vip/one 143500
devizna smetka Irena Tanceva IBAN:MK07-320540027415089
SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE
ziro smetka 320500027414994 Irena Tanceva