Русија го одбележува Денот на национално единство при што се очекува националисти и поддржувачи на власта да излезат на марш низ улиците на Москва. Празникот беше воспоставен од Кремљ пред повеќе од 10 години со цел да се замени со прославата на годишнината од револуцијата на болшевиците.
Рускиот претседател Владимир Путин го користи празникот да промовира патриотизам, да го консолидира општеството и да ја зајакне контролата на Кремљ. Прославите во изминатите години беа проследени и со антивладини протести. Во мината година беа уапсени околу 70 лица на антивладините протести.