Магазин

Казна од 78.000 евра за архитектот на мост во Венеција, затоа што не го прилагодил за многу туристи

Властите на Венеција го казниле шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава со казна од 78.000 евра за дизајнирање мост над Гранд каналот. Причината за ова било тоа што мостот не може да поддржува голем број туристи.

Одлуката ја донесол Италијнскиот суд. Според оваа одлука Калатрава е несовесен во процесот на градба и дека тој дизајнирал и други мостови, како што се оние во Далас и Калгари, кои можат да примат повеќе туристи. Исто така во тужбата се наведува дека мостот, со челична рамка и стаклените плочи, не можел да ја издржи навалицата на гости и на нивните куфери, кои се влечеле секојдневно, што барало замена на неколку стаклени скали.

Мостот „Ponte dela Konstitucione“, долг околу 90 метри, бил изграден во 2008 година и го добил името по италијанскиот устав, кој потоа ја одбележа 60-годишнината.

На почеток