Македонија

Трката со кајаци ги збратими Општина Дојран со Општина Свиштов

Претпладне, градоначалниците на град Дојран во Република Македонија и
Свиштов во Република Бугарија си подадоа рака со договор за
збратимување помеѓу двата града.

Градоначалниците на Дојран, Анго Ангов и на бугарскиот град кај Дунав,
Генчо Генчев ја отворија официјално трката со кајаци, која собра
стотици локални гледачи и туристи „Под Јаворите“ на брегот на
Дојранското Езеро. Од Софија пристигнаа професионални кајакари кои ги
демонстрираа своите вештини во бистрите води на езерото.

Настанот беше организиран од Општина Дојран, 33-ти Свиштовски полк,
Фондација Бугарска Памет, Југоисток Плус, Бугарско-Македонски
Младински Клуб и Бугарски Културен Клуб-Скопје во чест на
стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток