Свет

Србин се самоубил на меден месец во Турција

35-годишениот Самир Тузинац (35)  од Нови Пазар се самоубил во познатото летувалиште, пишува индексонлајн.рс

Според неофицијални информации, 35-годишниот С.Т. извршил самоубиство скокајќи од 6. спрат од хотелот во кој престојувал туристички, на меден месец.

„Денес нашата улица е тивка. Нема ни смеа, ни џагор. Не се слуша ни детски глас. Сите сме тажни и неутешни“, велат жителите на Нови Пазар за српските медиуми.

Како што наведува Телеграф.рс, тој пред само неколку дена се оженил. Во Нови Пазар живеел само со својата мајка, познат бил како добро момче, голем верник и скромен човек.

Неговото семејство веднаш се упатило кон Турција.

На почеток