Македонија

Венецијанската комисија ќе пресече – Дали парите и униформите на војската и полицијата ќе станат двојазични?

Откако законот за јазици на почетокот од годинава беше испратен на мислење во Венецијанската комисија, денеска нејзина делегација ќе престојува во Скопје за да ги испита можностите дели има можност или не албанскиот јазик, покрај македонскиот, да се најде на банкнотите и на воените униформи во Македонија.

Спорни се книжните и кованите пари, хартиите од вредност, поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, како и униформите на полицијата и војската.

Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија требаше да имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, како и заедничка средба со пратеници на политички партии од помалите етнички заедници, како и заедничка средба со пратеници од Алтернатива, Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и Движење БЕСА.

На почеток