Македонија

ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ВЕТИ – СДСМ НЕ ОСТВАРИ!

Во програмата на СДСМ за локални избори 2017 – ,,Живот во Охрид за сите” СДСМ ветија, но НЕ остварија решавање на сите поднесени барања за легализација до крај на 2018 година. И покрај ветувањата за решавање на  предметите поднесени за бесправно изградени објекти, неодговорното и селективно однесување на локалната администрација предводена од СДСМ не успеа да го исполни ова ветување во 2018-та, а и 2019-та се наближува до крајот.
Начинот на кој се постапува по предметите од оваа област е крајно непрофесионален. Пристапот е селективен и нередоследен.
Се’ уште постојат барања кои се поднесени во првите три рокови (пред неколку години) и немаат разрешница, а наспроти тоа има барања кои се поднесени дури и во декември 2018 година, а за кои веќе има изготвени решенија за легализирање на бесправно изграден  објект.
Со ваквиот неодговорен пристап доведе до загрозување на статусот на Охрид како град на УНЕСКО, се вели во соопштението од центарот за комуникции на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
На почеток