Скопје

Следните неколку дена на овие улици ќе има времен сообраќаен режим

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради поставување на нисконапонски електричен кабел, ќе се смени режимот на сообраќај на ул. „Ферид Бајрам” и бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

„Временскиот режим на сообраќај ќе се воведе во периодот од 08:00 до 16:00 часот на ден 08.11.2018 (четврток), 09.11.2018 (петок), 10.11.2018 (сабота), 12.11.2018 (понеделник) и 13.11.2018 (вторник)“, велат од ЕВН.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток