Македонија

Преговорите за формирање на ново СЈО закочени, откако се траферираа предметите кај Јовески

Иако и од власта и од опозицијата најавуваат дека се подготвени да продолжат да преговараат за законот за обвинителство, нема најава за средба меѓу двата преговарачки тима. Трансферот на предметите од специјалното во обичното обвинителство, ја исклучи потребата од итно решавање на проблемот, но и натаму е исклучително важно да се најде решение за законот од кој може да зависи и почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Премиерот Зоран Заев и викендов повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата. За власта, потенцира претседателот на Владата, е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата, кој потоа ќе го избере парламентарното мнозинство, а ќе го верификува Советот на јавни обвинители.

„Тоа мора да биде некој ‘тешкаш’, да биде издржан. Предлогот Никола Груевски, Владимир Панчевски, Јован Илиевски или Марко Зврлевски, секако, не може да помине. Иднината на предметите се причината. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО, тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат“, подвлече Заев.

Повеќе на Независен.мк

На почеток